Линкови за пристапност

Поддршка од СДСМ и ДУИ за решавање на спорот со името


„Време е Грција јасно да покаже дека навистина сака да се реши спорот за името. Новото вето за Македонија ќе биде јасен показател дека Грција нема намера да го реши прашањето“, оцени премиерот Никола Груевски.

„Дали навистина сака да го реши спорот, ќе видиме во декември, затоа што ако се случи блокада, тоа ќе биде сигнал дека тие всушност не сакаат да се реши ова прашање“, изјави Груевски.

Од своја страна, лидерот на владеачката ДУИ, Али Ахмети и претседателот на опозизционата СДСМ, Бранко Црвековски, му дадоа поддршка на премиерот за решавање на проблемот.

„Премиерот може да смета на нашата заедничка поддршка за затварање на спорот со името“, соопштија лидерите на двете партии по средбата во Мала Речица. Ахмети е оптимист, вели дека иднината на Македонија е во НАТО и Европската Унија.

„Македонија има силни пријатели кои докажале дека и` мислат добро на Македонија. Сега е моментот ние како држава, овие пријатели да ги искористиме, во смисла на изнаоѓање решение“, изјави Али Ахмети.

Изразувајќи загриженост поради фактот дека еден месец по препораката од Европската комисија, не е сторено ништо, Црвенковски ја дава бланко поддршката за Груевски за решавање на спорот, доколку со него нема да бидат замешани прашањата за идентитетот.

„Се` е во рацете на премиерот. Ако Груевски ова го смета за притисок, тогаш не знам како ќе го смета она што го чека, доколку ја закопа евроатлантската иднина на Република Македонија, а што без сомнение е нешто што ние сме подготвени да направиме“, вели Црвенковски.

Средбата меѓу Црвековски и Ахмети предизвика низа шпеклуции за можни нови сценарија на политичката сцена во контекст на решавањето на спорт за името, што е услов за Македонија за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.

Црвенковски на оваа средба ќе го тестира пулсот на истрајност на Ахмети во сегашната коалиција, особено доколку по декември не добиеме датум за преговори за ЕУ, при што се можни предвремени избори. Од друга страна, средбата може да се сфати и како притисок врз Груевски за што побрзо решавање на спорот за името, смета порфсерот Јетон Шасивари.

Порака испрати и комесарот за проширување, Оли Рен. Тој позитивно гледа на средбата Груевски - Папандреу во Брисел, но бара од сите инволвирани страни да го искористат овој позитивен моментум за сериозно да навлезат во преговорите и да му стават крај на спорот. Рен смета дека двете страни сега имаат извонредна прилика да го решат проблемот, бидејќи во Македонија, како и во Грција владите имаат релативно свеж и силен мандат што ќе им овозможи да го тргнат прашањето од дневен ред еднаш засекогаш.

XS
SM
MD
LG