Линкови за пристапност

Врз снајперистот од Вашингтон извршена смртната казна


Џон Ален Мухамед кој пред седум години во Вашингтон и околината изврши неколку снајперски напади, е егзекутиран во затвор во сојузната држава Вирџинија.

Портпаролот на затворот изјави дека на Мухамед му била ставена смртносна инјекција во вторникот вечер по локално време. Притоа, како што истакна портпаролот, тој реагирал мирно, не покажал никакви емоции и не дал никаква изјава.

На погубувањето присуствувале неколкумина членови на семејствата на убиените лица, како и семејството на Мухамед и адвокатите.

Гувернерот на Вирџинија Тимоти Кејн ја одобри егзекуцијата, откако истиот ден го отфрли барањето за ублажување на казната за напаѓачот. Адвокатите на Мухамед од гувернерот побараа да ја преиначи казната во доживотен затвор, велејќи дека нивниот клент е ментално болен.

Жалбата на Мухамед во понеделникот беше отфрлена и од американскиот Врховен суд.

Мухамамед и соучесникот во нападите, Ли Бојд Малво, во период од три недели, убија 10 лица по случаен избор во Вашингтон и во сојузните држави Вирџинија и Мериленд.

XS
SM
MD
LG