Линкови за пристапност

Американската фирма Блеквотер наводно со поткуп се обидела да го покрие скандалот


Поранешни вработени на Блеквотер велат дека американската компанија која нуди безбедносни услуги, одобрила околу еден милион долари наменети да се поткупат Ирачаните кои биле критички настроени по оружениот инцидент во 2007-ма година, во кој договорни телохранители убиле 17 ирачки цивили во Багдад.

Весникот Њујорк тајмс цитира четворица поранешни вработени во Блеквотер, кои побарале да останат анонимни, како велат дека тогашниот директор на компанијата, Гери Џексон ги одобрил парите за поткуп и дека тие биле испратени од Јордан до виш раководител на Блеквотер во Ирак.

Нема информации за тоа дали средствата дошле до ирачките претставници или кој точно требало да ги прими. Американскиот закон забранува вакви трансакции.

Портпаролката на компанијата, Стејси Делук, изјави дека наводите на Њујорк тајмс се погрешни.

XS
SM
MD
LG