Пони Експрес била служба за брза пошта која од 1860-та до 1861-та година, се разнесувала со коњи и функционирала од градот Сент Џозеф во Мисури до Сакраменто во Калифорнија. Своевремено ова била најдиректниот начин на комуникација меѓу источниот и западниот дел на САД, пред да биде измислен телеграфот и клучен настан за поголемо припојување на Калифорнија до Унијата, како што се нарекувала американската федерална влада пред почетокот на Граѓанската војна.
Со тек на време, коњаниците наоѓале пократки маршути, а со користењето на јавачи, наместо цели кочии, основачите на Пони експрес се надевале дека ќе обезбедат побрза и поефикасна услуга, со цел да добијат ексклузивен владин тендер за достава на пошта. Пони експрес покажал дека обединет трансконтинентален систем може да постои и да непрекинато да функционира во текот на цела година. Се додека не беше заменет со Првиот трансконтинентален телеграф, Пони експрес стана дел од традицијата на Американскиот Запад.
Токму од градчето Сент Џозеф, кое се подготвува за одбележување на 150-та годишнина од основањето на Пони експрес, јавачите на коњи сите тешки околу 57 килограми или помалку, дење и ноќе минувале 2.700 километри и назад, за да ја пренесат поштата на запад, до Сакраменто. Јавачите подоцна станаа херои во романите, филмовите и спектакуларните претстави за Дивиот запад.
Храбрите јавачи менувале коњи на секои 16 километри и тоа од околу 190-те станици на Пони експрес.
Со себе секако ја носеле поштата, но и шише вода, Библијата и труба за сигнал станицата да подготви нов коњ и пушка. Подоцна, за да се намали тежината јавачите со себе имале само пошта, вода и пушка.
Основачи на компанијата биле Вилијам Расел, Вилијам Бредфорд Вадел и Александар Мејџорс. Она што воодушевува, вели Гери Чилкот, директор на еден од музеите во Сент Џозеф, е што целиот систем го организирале за само три месеци, јануари, март и април 1860-та година. Најмиле стотици луѓе, купиле стотици коњи, поставиле станици долж маршрутата и во јануари објавиле дека на 3-ти април Пони експрес ќе заживее. Тоа и се случило.
Но за помалку од две години, Пони експрес – застарел. Штом телеграфските линии стигнале до Калифорнија, пораките се пренесувале за неколку секунди, наместо денови. На 26-ти октомври 1861, Пони експрес престанал да постои.