Националниот центар за урагани во Мајами соопшти дека невремето ја погодило сојузната држава Алабама. Метеролозите велат дека јачината на ветровите е намалена и изнесува 75 километри на час, а се очекува невремето и натаму да губи од својот интензитет.
Бурата носи големи дождови, а експертите велат дека во некои области се очекуваат до 20 сантиметри дожд.
Гувернерите во Флорида, Алабама, Луизијана и Мисисипи објавија вонредна ситуација, а неколку рафинерии за нафта во близина на јужното американско крајбрежје привремено ја прекинаа работата.