Пакистанската полиција вели дека од експлозија на автомобил бомба на прометна раскрсница во северозападен Пакистан, загинале најмалку 20 лица, а повредени се најмалку 50 други.
Властите велат дека бомбата била активирана во вторникот во близина на пазар, при што биле уништени и неколку згради во градот Чарсада, на 40-тина километри северно од Пешавар.
Ова е трет бомбашки напад во областа во изминативе три дена.
Во понеделникот, бомбаш самоубиец на рикша се разнесе себеси во близина на контролен пункт во Пешавар, при што загинаа три лица, а во неделата, исто така од самоубиствен напад во преполн пазар во предградие на Пешавар, животот го загубија 13 лица.