Линкови за пристапност

Паѓаат цените  на домовите во САД - расте продажбата 


Националната асоцијација за купопродажба на домови вели дека за месец јули, август и септември е забележан пад на вредноста на домовите во САД, додека во пораст е бројот на продадени домови во земјата.

Оваа организација вели дека цените на недвижнините опаднале за 11 проценти во третиот квартал од годинава, споредено со истиот период минатата година, додека бројот на продадени домови во САД пораснал за речиси шест проценти.

Националната асоцијација вели дека даночните отстапки што владата им ги обезбеди на лицата кои за прв пат купиле стан или куќа, помогнале за зголемување на нивната продажба. Сериозните проблеми во пазарот за недвижнини во САД имаа удел во поттикнувањето на глобалната рецесија.

XS
SM
MD
LG