Линкови за пристапност

Сомалиските пирати продолжуваат со киднапирање бродови  


Веќе втор ден по ред сомалиските пирати напаѓаат бродови во водите на Индискиот Океан, на речиси половина пат меѓу Сомалија и Индија.

Меѓународен набљудувачки тим вели дека товарниот брод Ем-Ви Нил Марск, кој плови под данско знаме бил нападнат во вторникот на околу 1.800 километри источно од Могадишу.

Во нивниот извештај се вели и дека пиратите отвориле оган, но бродот забрзал и успеал да избегне поголем инцидент. Нема информации за жртви.

Во понеделникот, сомалиските пирати на истата локација се обиделе да киднапираат танкер кој пренесувал сурова нафта.

Европската Унија потпиша договор со Сејшелските Острови, со кој Републиката дозволува на нејзина територија да се распоредат трупи на ЕУ за справување со пиратите.

Според договорот, Унијата и официјално има дозвола да гони и приведува пирати кои ќе нападнат или киднапираат бродови кои минуваат низ оваа територија.

Сејшелските Острови имаат слични договори со САД и Франција.

XS
SM
MD
LG