Линкови за пристапност

Вооружен судир на морнариците на двете Кореи


Морнариците на Северна и на Јужна Кореја на кратко се судрија во вторник во близина на нивниот западен брег во Жолтото море.

Јужнокорејски армиски претставници велат дека севернокорејски патролен брод претрпел тешко оштетување пред да се повлече.

Висок офицер на севернокорејската армија, Ли Ги-сик, вели дека воен брод од Југот испукал неколку предупредувачки истрели на севернокорејски брод откако овој ја минал нивната спорна поморска граница. Патролниот брод на северот директно пукал во јужнокорејскиот брод, и Југот возвратил со оган.

Ли го опишува инцидентот како „несреќен" додавајќи дека Југот вложил силен протест во Пјонгјанг.

Извештај пренесен од Севернокорејската централна новинска агенција вели дека нивниот патролен брод бил на мисија за потврдување на неидентификуван објект на својата страна на границата.

Северна Кореја побара Јужна Кореја да се извини за, како што велат, тешка вооружена провокација.

Јужна Кореја вели дека не претрпела жртви. Не е јасно дали некој на севернокорејскиот брод бил повреден.

XS
SM
MD
LG