Линкови за пристапност

Иран обвини тројца Американци за шпионажа


Иранската официјална новинска агенција извести дека тројцата, во јули приведени американски државјани, се обвинети за шпионажа.

Главниот обвинител во Техеран Абас Џафари Долатабади рече дека конечната одлука за приведените наскоро ќе биде донесена. Тој додаде дека истрагата е во тек.

Тројцата Американци беа приведени заради илегален влез во Иран, откако наводно ја минале границата додека планинареле во северен Ирак.

Зборувајќи во Берлин, американската државна секретарка Хилари Клинтон рече дека Вашингтон верува дека нема докази за валидно обвинение. Таа ги повика иранските власти да ги ослободат тројцата Американци.

XS
SM
MD
LG