Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави законодавците во Претставничкиот дом за, како што го нарече, храброто гласање за усвојување на предлог-законот за реформи во здравството.
Обама истакна дека е уверен оти и Сенатот ќе го стори истото.
Сепак, на мерката можно е да и` претстои тежок пат. Републиканскиот сенатор Линдзи Грем за телевизијата Си-Би-Ес изјави дека легислативата на Претставничкиот дом е „мртва на самото доаѓање“ во Сенатот. Тој реформата ја нарече „предлог-закон напишан од либерали за либерали“.
На мерката ќе и` бидат потребни најмалку 60 гласови за да мине во Сенатот. Разликите во верзиите на Претставничкиот дом и Сенатот ќе треба да се надминат и конечната верзија да се стави на гласање, пред да биде испратена на потпис кај претседателот Обама.