Линкови за пристапност

Авганистанците реагираат на можно зголемување на американските војници во земјата


Годинава е забележан најголем број на жртви меѓу странските трупи во Авганистан од инвазијата под водство на САД и соборувањето на Талебан пред осум години, наваму.

Веќе неколку недели во Вашингтон, претседателот Обама ги слуша советите на своите помошници за најдобрата можна стратегија за решавање на актуелната криза во Авганистан. Во меѓувреме, обичните граѓани на оваа земја имаат свој совет за лидерот на САД.

Актер Тутакил е студент по медицина од Кост, источен Авганистан.

„Испраќањето на дополнителни трупи во Авганистан, нема да го реши проблемот. Доколку САД или Авганистан отпочнат разговори со Талебан, ќе биде подобро“, вели тој.

Заинудин Вадет е невработен и живее во Кабул. Тој вели дека историјата покажала оти не постои сила која може да го окупира Авганистан и дека без оглед на бројот на војниците, борбите нема да стивнат. Вадет верува дека неговата влада треба да отпочне разговори со Талебан.

Ахмед Вали Мохманд е студент од провинцијата Пактика, на границата со Пакистан. Тој вели дека странските влади треба да ги користат своите ресурси за други намени наместо испраќање на трупи.

„Тие треба да му помогнат на нашиот народ во изградбата на универзитети и училишта“, вели овој студент.

Дауд Султанзои е член на авганистанскиот парламент. Тој смета дека на земјата и` се потребни дополнителни трупи и дека американската и авганистанската влада немаат воспоставено добра комуникација за вистинската причина поради која се испраќаат војниците во Авганистан.

„Како ќе се градат училишта, ако не е безбедно? Ако не може да се пристапи до областа и да се почне изградбата?“, изјави овој политичар.

Шенкаи Каркаил е исто така член на авганистанскиот парламент. Таа вели дека се` уште не може да сфати зошто се потребни недели на состаноци, за американската влада да донесе одлука.

„Тие треба да јасни во нивните намери. Тие дефинитивно треба да испратат дополнителни трупи бидејќи националната армија на Авганистан не е во состојба да се брани од бунтовништвото во земјата“, вели Каркаил.

САД имаат околу 68.000 трупи во Авганистан, а распоредени се 40.000 војници во рамки на НАТО и од други земји.

Главниот американски и командант на НАТО во Авганистан, генералот Стенли Мекристал, предупреди дека коалицијата може да го загуби конфликтот доколку не се испратат дополнителни трупи.

XS
SM
MD
LG