Линкови за пристапност

Се бара мотивот на масовното убиство во Тексас


Началникот на Генералштабот на Армијата на САД вели дека е загрижен за шпекулациите поврзани со мусиманската вероисповед на човекот кој наводно уби 13 лица и повреди 30 други во американската воена база во Форт Худ во Тексас.

Генералот Џорџ Кејси во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека фокусирањето на исламската вера на осомничениот напаѓач, армискиот мајор Нидал Малик Хасан, може да ја интензивира негативната реакција против сите муслимани во американската армија. Кејси кажа дека би било за жалење доколку разновидноста во редовите на армијата стане жртва на овој инцидент.

Властите велат дека Хасан во четвртокот минатата недела отворил оган врз војници и цивили во базата Форт Худ. Цивилен полицаец кој прв се нашол на местото на настанот одговорил на нападот и го ранил Хасан.

Американскиот сенатор Џо Либерман за телевизијата Фокс изјави дека ќе започне конгресна истрага за да се одреди дали инцидентот претставува терористички напад.

XS
SM
MD
LG