Германија одбележува 20 години од падот на Берлинскиот ѕид - настан што доведе до обединување на земјата и клучен момент за колапсот на комунизмот во Источна Европа.
Државници од Европа и претставници од САД од неделата пристигаат во Берлин, каде и` се приклучија на германската канцеларка Ангела Меркел на прославата. Меѓу нив се поранешниот советски претседател Михаил Горбачев, поранешниот полски претседател Лех Валенса, британскиот премиер Гордон Браун и претседателите на Франција и Русија, Никола Саркози и Дмитри Медведев. На церемонијата учествува и американската државна секретарка Хилари Клинтон и редица поранешни дипломати.
На прославите во понеделникот во Берлин се собраа 100.000 луѓе, а локалните власти ги нарекуваат „Фестивал на слободата“.
Ѕидот-граница што го подигна комунистичка Источна Германија почна да се руши вечерта на 9-ти номеври 1989-та, по неколку недели на продемократски демонстрации. Илјадници Источни Германци дојдоа на контролните пунктови на Западот, кога Источна Германија одеднадеж ја отвори границата.