Линкови за пристапност

Реакција на Обама по масакрот во базата Форт Худ


Американскиот претседател Барак Обама го нарече масакрот во армиската база во Тексас како ужасен излив на насилство. Претседателот рече дека неговиот мисли се со ранетите и семејствата на убиените.

Обама рече дека е згрозен од убиствата во Форт Худ:

„Голем број американски војници се убиени и уште поголем број се ранети во ужасен излив на насилство, рече претседателот Обама. Тој истакна дека фактот дека насилството се случи на американска територија го прави инцидентот уште поголема трагедија.

„Тешко е кога гинат храбри Американци во битки во странство, рече претседателот. „Уште поужасно е кога се губат животи во армиска база на американско тло“, резигнирано призна Обама.
Обама зборуваше со секретарот за одбрана Роберт Гејтс и со шефот на здружените американски сили, адмиралот Мајкл Мулен. Тој најави дека ќе продолжи да прима нови информации за инцидентот и ќе учествува во истрагата.

„Ќе ги обезбедиме сите одговори на секое прашање за овој ужасен инцидент“, се заложи Обама.

XS
SM
MD
LG