Линкови за пристапност

Вооружен напад во армиската база Форт Худ – 12 убиени, 31 повредени


Американски армиски офицер отвори оган во голема воена база во сојузната држава Тексас и уби 12 лица. Повредени се повеќе од 30 лица. Локалните официјални лица го идентификуваа напаѓачот како мајорот Нидал Малик Хасан.

Командантот од Форд Худ, генерал полковникот Боб Коун, изјави дека офицерот отворил оган во зграда каде војниците се подготвувале да заминат за Ирак или Авганистан. Генералот потврди дека Хасан имал со себе два пиштола.
Генералот Коун вели дека сведоци јавиле дека други двајца војници отвориле оган и потоа побегнале, но лицата кои се грижат за безбедноста во базата кусо време подоцна ги пронашле во соседната зграда. Мајорот Хасан е на возраст во доцните 30-ти години од животот.

Официјални лица не обелоденија кои се неговите мотиви за масакрот и портпаорлот на Пентагот Геоф Морел истакна дека е прерано да се шпекулира за тоа.
„Не знам како е можно било кој да шпекулира за мотивите со оглед дека во моментов знаеме малку факти“, вели Морел.


Форт Худ е една од најголемите американски армиски бази во светот. Скоро 30.000 војници и цивили работат во базата и илјадници семејства на војниците живеат во неа. Други 15.000 војници од оваа база во моментов се распоредени во странски мисии. Војници од Форт Худ веќе неколкупати се испраќани во Ирак и во Авганистан, подгревајќи ги шпекулациите дека пост- воениот стрес можеби е причина за масакрот, иако официјални лица не ги потврдија ваквите тези.


Портпаролот на Пентагон Геоф Морел го информираше секретарот за одбрана Роберт Гејтс за инцидентот кусо време по случувањето, а секретарот зборувал со претседателот Барак Обама.

XS
SM
MD
LG