Ирачките власти соопштија дека од експлозија на патна бомба во градот Мосул, загинал еден полицаец, а двајца други се повредени.
Властите велат дека бомбата била активирана во близина на полициска патрола во западен Мосул. Изминатава година е забележано намалување на интензитетот на насилството, но нападите во и околу Мосул продолжија.
Во одвоен инцидент, американската армија соопшти дека во средата во Ирак загинале двајца војници, едниот им подлегнал на повредите по престрелка на бунтовниците, а другиот загинал во инцидент надвор од воените активности. Армијата не објави дополнителни детали.