Линкови за пристапност

Ексон победи на тендерот за нафтено поле во Ирак


Ирачката влада реши да склучи договор со конзорциум на чело со нафтената компанија Ексон за развој на вредното нафтено поле Вест Курна.

Конзорциумот, во кој е и Ројач дач шел, доби 20-годишен договор за полето чиј потенцијал се проценува на околу 8,5 милијарди барели нерафинирана нафта.

За полето конкурираше и друг конзорциум на чело со рускиот Лукоил.

Ирак е на трето место по нивото на нафтени резерви во светот, а во меѓувреме се обидува да го зголеми производството на нафта.

XS
SM
MD
LG