Линкови за пристапност

Сенатот ја продолжи помошта за невработените


Американскиот Сенат со 98 гласови „за“ и ниту еден „против“, ја усвои мерката за продолжување на бенефициите за милиони невработени Американци и програмата за даночни отстапки во висина од 8.000 долари за лицата кои за прв пат купуваат стан или куќа.

Се очекува мерката да мине на наредното гласање во Претставничкиот дом, по што би следел потписот на претседателот Барак Обама. Таа на невработените ширум земјата ќе им обезбеди бенефиции за дополнителни 14 недели, или 20 недели доколку живеат во сојузни држави со ниво на невработеност од над 8,5 проценти.

Демократскиот сенатор Макс Бакус изјави дека мерката ќе обезбеди „директно олеснување“ за невработените и ќе ја однесе земјата чекор понапред до стабилизирање на економијата.

XS
SM
MD
LG