Линкови за пристапност

Дводневен самит ЕУ-САД во Вашингтон


Шведскиот дипломат го најдовме во дворот на вашингтонскиот универзитет Џонс Хопкинс, каде се одржуваат еднонеделни манифестации по повод 20-годишната од падот на Берлинскиот ѕид. Карл Билт оценува дека средбата била богата со теми - било решено да се формира заеднички Совет за енергетска безбедност во кој ќе учествуваат министрите за енергија и надворешни работи. На дневен ред биле и климатските промени, Авганистан, Пакистан и Блискиот Исток, финансиски и трговски прашања.

Дали се поклопуваат ставовите од двете страни на Атлантикот за клучни глобални прашања? Билт има ваков став:

Различно - за различни прашања. За трговијата има различни нијанси за разлика од порано. За Авганистан во голема мера сме на иста линија. За Блискиот Исток даваме поддршка, со надеж дека ќе дојде до зголемен притисок за решение. За климатските промени - очигледно постојат извесни разлики. Со Белата куќа потполно сме согласни како да се реши прашањето со Иран, иако во американската политичка средина има различни гледишта за прашањето.

Во време кога американскиот претседател Барак Обама врши преглед на стратегијата во Авганистан и размислува за барањето на главниот американски командант во земјата, генералот Стенли Мекристал, за дополнителни засилувања,

Билт смета дека Европејците се потрпеливи од Американците кога станува збор за состојбата во Авганистан:

Тоа се гледа и од голем број други мисии во светот, како на Балканот, на пример. Европејците на извесен начин имаат поинаков поглед на историјата. Понекогаш сметаме дека историјата се движи побавно и не веруваме во брзи решенија. Кога сме вклучени во мисија на, практично, изградба на едно општество, тогаш дефинитивно треба да останеме таму извесно време. Знаеме дека за една или две години може да се заврши малку, но за пет или десет – многу, заклучи шведскиот дипломат.

XS
SM
MD
LG