Линкови за пристапност

Словенија предлага укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора од 19-ти декември


Словенија вели дека предлогот за поместување на датумот за укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора има цел да го олесни патувањето за време на новогодишните празници.

Словенечкото министерство за надворешни рабори издаде соопштение еден ден откако словенечки официјални лица повикаа рестрикциите да бидат укинати на 19-ти декември наместо на 1-ви јануари 2010-та за кога предлагаше Европската комисија. Официјални лица го објавија планот на Советот на ЕУ во средата.

Предлогот ќе биде разгледан од Европскиот парламент и од Советот на ЕУ и евентуално ќе биде усвоен пред крајот на месецот. Ако биде усвоен предлогот, тоа ќе го забрза ширењето на таканаречаната „шенгенска зона“ на
Европската Унија – територија каде не се бара пасош или виза за меѓугранично патување преку копнен, морски и воздушен пат.

XS
SM
MD
LG