Вооружени лица отвориле оган во армиската база Форт Худ
во централниот дел на сојузната држава Тексас.
Нападот се случил во четвртокот попладне, а американските медиуми
јавуваат дека најмалку седум лица се убиени, а 15 повредени.
Според медиумските извештаи, бил фатен еден напаѓач,
додека другиот се` уште е во бегство. Според
првичните информации, тие носеле армиски униформи.
Армиската база веднаш била затворена и властите трагаат
по напаѓачот кој е во бегство.