Линкови за пристапност

Абас без планови за реизбор на функцијата


Палестинскиот претседател Махмуд Абас вели дека „нема намера“ да се кандидира за реизбор на функцијата за време на изборите закажани за јануари наредната година.

Во телевизиско обраќање во четвртокот Абас истакна дека неговата одлука не е предмет на дебата ниту нагодување. Виши советници во партијата Фатах се обидуваа да го убедат палестинскиот претседател да се предомисли и да учествува на изборите.

Абас изрази фрустрираност заради недостатокот на напредок во мировниот процес со Израел. Палестинскиот лидер изјави дека неговата цел за постоење на две држави една до друга, како решение на израелско-палестинскиот конфликт се соочува со сериозни проблеми, но дека е можно да се оствари.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс во четвртокот изјави дека Вашингтон има „огромна“ почит за Махмуд Абас заради неговиот учинок во подобрување на животите на Палестинците.

XS
SM
MD
LG