Линкови за пристапност

ОН ќе прераспределат дел од персоналот во Авганистан


ОН од безбедносни причини привремено ќе преместат 600-тини работници, или половина од својот меѓународен персонал во Авганистан по минатонеделниот напад на Талебан во кој загинаа петмина работници на светската организација.

Шефот на мисијата во Авганистан Каи Еиде рече дека не се работи за повлекување од Авганистан, туку само за грижа и за безбедноста на персоналот, и за продолжување на операциите.

Талебан вели дека целта на нападите се работници на ОН кои работеле на организација на неодамнешните претседателски избори во Авганистан.

XS
SM
MD
LG