Линкови за пристапност

Обама повика на повисоки стандарди во образованието


Aмериканскиот претседател Барак Обама беше во посета на средно училиште во сојузната држава Висконсин каде промовираше иницијатива за реформа на образованието вредна над четири милијарди долари.

Обама во училиштето во градот Мадисон ги појасни одредбите на иницијативата првично претставена во јули, позната како „Трка до врвот".

Претседателот рече дека кога се работи за образованието, САД не треба само да ги кренат стандардите, туку дека треба да ги подготват учениците да ги достигнат тие стандарди. Тој рече дека иницијативата подразбира поттици за државите да се фокусираат на тие стандарди.

Висконсин е една од десетте држави кои се натпреваруваат за средства од федералната програма. Законодавците во државата се подготвуваат за гласање по мерка што ќе значи поврзување на успехот на учениците со евалуацијата на наставниците, што е дизајнирана да ги зголеми шансите на државата да ги добие грантовите.

XS
SM
MD
LG