Врвните
претставници на американската централна банка велат дека економијата зема замав,
но дека се уште и треба помош во опоравувањето од најлошата рецесија во децении.
Тие во среда ги оставија каматните стапки непроменети,
меѓу нула и 0,25 проценти.
Федералните резерви ги намалија каматните стапки за да ја
стимулираат економијата со тоа што за бизнисите ќе биде поевтино да позајмуваат
пари за купување опрема и за проширување на
дејноста.