Линкови за пристапност

ОН најавија продолжување на преговорите за името  


ОН најавија продолжување на преговорите за името меѓу Република Македонија и Грција. Канцеларијата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН извести дека посредникот Метју Нимиц е во контакт со обете страни и дека предложил средба во Њујорк неделата од 16-ти ноември – натаму.

Во соопштението се наведува и дека по средбата со грчкиот премиер Јоргос Папандреу во Атина во средата, генералниот секретар Бан Ки-мун изјавил дека Нимиц е подготвен да ја обнови дискусијата тогаш кога страните ќе бидат подготвени. Првиот човек на Светската организација, кој во Грција учествува на Глобалниот форум за миграција и развој, кажал и дека е охрабрен што грчкиот премиер му порачал дека Атина е подготвена и дека целосно ќе ја поддржи улогата на Нимиц.

XS
SM
MD
LG