Линкови за пристапност

Карл Билт: Сега е време да се најде решение за проблемот со името


Треба да се увиди дека постои можност што нема да биде присутна мошне долго време, вели министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билт во изјавата за Гласот на Америка на македонски.

Првиот човек на дипломатијата на земјата која во моментот претседава со ЕУ мисли дека има добри изгледи за започнување на ново раздобје во преговорите.

„Се надевам дека ќе има обновување на разговорите за прашањето за името. Треба да се види дека постои момент на можност, што нема да биде мошне долго време. Сега е време да се најде решение за проблемот. Сите знаат дека треба да има компромис. Компромисите не се неопходно најпопуларната работа на Балканот, но тоа е начинот на кој ја придвижуваме Европа напред“, вели Билт.

XS
SM
MD
LG