Американскиот
авто-гигант Џенерал Моторс се повлече од планираната продажба на најголем дел од
акциите во својата германска единица, Опел, што западна во тешкотии, на
канадско-руска групација.
Директорите на ЏМ кажаа дека го промениле курсот заради
подобрените бизнис услови за компанијата со седиште во САД во последните неколку месеци.
Германските политичари и трудови синдикати силно ја
критикуваа одлуката на ЏМ.
Германската влада
ја поддржа понудата од канадскиот производител на авто-делови Магна и
руската државна банка Сбербанк како начин да се зачуваат германските работни
места во Опел.
ЏМ кажа дека ќе го отплати заемот од 2,2 билиони долари што германската влада го даде на компанијата како поддршка за канадско-руската понуда.