Линкови за пристапност

Иранската полиција се судри со опозициски демонстранти


Иранската полиција се судри со опозициски демонстранти кои ги обновија протестите против владата на 30-годишнината од заземањето на американската амбасада во Техеран.

Сведоци велат дека полицијата употребила солзавец за растерување на стотиците излезени на улиците на Техеран во среда за протести поддржани од поразениот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави.

Демонстрантите извикувале „смрт за диктаторот" на протестите кои всушност започнаа во јуни поради проблематичните избори на кои беше реизбран претседателот Махмуд Ахмадинеџад.

Уличните протести се случија во исто време додека илјадници присуствуваа на анти-американски собир пред затворената американска амбасада во Техеран.

Демонстрациите доаѓаат 30 години по упадот на ирански студенти во амбасадата, кои држеа 52-ца американски заложници 444 дена.

Американскиот претседател Барак Обама го одбележа настанот со повик до Иран да избере дали сака да продолжи да се фокусира на минатото, или „да отвори врата за поголеми можности ...за својот народ."

Во соопштение објавено доцна во вторникот Обама кажа „30 години слушаме против што е иранската влада; сега прашањето е, за каква иднина е."

Тој додаде дека САД сакаат релации со Иран засновани на „заеднички интереси и взаемна почит."

XS
SM
MD
LG