Линкови за пристапност

Републиканците добија на  изборите во државите на САД


Кандидатите на Републиканската партија победија во две клучни гувернерски трки во вторникот на изборите во американските сојузни држави, кои нашироко беа сметани за референдум на администрацијата на претседателот Барак Обама.

Прашања од значење за државите доминираа на кампањите на во Вирџинија и во Њу Џерси, но политичките аналитичари кажаа дека гласањето во двете држави со бројно население индицирале промена во наклонетоста на гласачите, кои се оддалечиле од демократите и се приближиле кон републиканците. Ова би го променило трендот воспоставен на минатогодишната претседателска трка и индицира проблем за демократите во целата земја во 2010, кога сите места во Претставничкиот дом ќе бидат отворени за гласање.

Независните гласачи беа клучни за победата на републиканецот Боб МекДонел за гувернер на Вирџинија. Тој со голема маргина го победи долгогодишниот демократски ривал Кри Дидс и ќе стане прв републикански гувернер на Вирџинија по осум години. Минатата година истиот блок на независни го поддржа Обама во неговата претседателска кампања против сенаторот од Аризона Џон МекКеин.

Во Њу Џерси, упориште на Демократската партија, демократскиот гувернер Џон Корзаин го изгуби местото од републиканецот Крис Кристи. Кристи, поранешен федерален обвинител, е првиот републиканец избран на државна функција во Њу Џерси за последниве 12 години.

XS
SM
MD
LG