Линкови за пристапност

Клинтон ќе побара египетска помош, но дали Каиро може да помогне?


Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја завршува блискоисточната турнеја со во последен момент додадено застанување во Каиро.

Хилари Клинтон доаѓа во Каиро откако ги разлути Арапите со поздравување на понудата на Израел за ограничување на ширењето на доселеничките населби на окупираната палестинска земја. Ова наиде на жестоко негодување кај Арапите, кои бараат Израел целосно да запре со изградбата на вакви населби.

Последните разговори со медијаторство на Египет за помирување на палестинските фракции Хамас и Фатах пропаднаа, што зборува за тоа колку е моќта по ова прашање на традиционалниот партнер на САД Египет.

Каиро се уште е мета на критика од времето на израелската војна во појасот Газа претходно годинава, затоа што во време кога беше окупирана територијата, границата на Египет во најголем дел беше затворена.
Политичкиот аналитичар Амр Хамзави од Центарот Карнеги за Блиски исток во Бејрут рече дека Египет барем пристапува кон прашањето на смирување на палестинските фракции со мирољубива агенда, нешто што досега никој не направил. За Газа, Хамзави вели дека Египет дека има право да спречи потенцијален бран насилство.

“Египет, во последните две години ги запостави легитимните одбранбени и грижи за националната безбедност кои одговараат на пошироките арапски интереси, со палестинското прашање нивно средиште“, вели овој аналитичар.

Но терминот „арапски интереси“ е широк и тука се вклучуваат различни агенди на голем број играчи во регионот. Катар, на пример, се обиде да го искористи влијанието и да стане мост со не-арапскиот Иран.

Тоа беше една од причините зошто египетскиот претседател Хосни Мубарак не присуствуваше на годинешниот Самит на арапската лига, чиј домаќин беше Доха.

Постои долгогодишно ривалство и со Саудиска Арабија, чии приходи од нафтата продолжуваат да и даваат сила на земјата. Меѓу не-арапските актери се сместува и Турција, која се наоѓа меѓу интересите на Исток и Запад, што се одразува во агресивна надворешна политика.

Хамзави од Центарот Карнеги вели дека Каиро е навикнат на таквите предизвици.
„Конкуренцијата не значи уривање на египетската ролја. Зависи од самите Египќани каде ќе се фокусираат во надворешната политика.“

Политичкиот аналитичар верува дека Каиро треба да биде фокусиран на прашања во неговиот двор. Тој тврди дека Египет нема ресурси да се вклучи во решавање на поголеми регионални проблеми.

XS
SM
MD
LG