Линкови за пристапност

30 години од заложничката драма во амбасадата на САД во Техеран


На 4-ти ноември се одбележуваат 30 години од запоседнувањето на американската амбасада во Техеран од страна на млади ирански милитанти. Веднаш по настанот, ајатолахот Рухола Хомеини, кој се наоѓаше во егзил во Франција, се врати во земјата и го присили на бегство шахот. 52-ца американски дипломати беа држени во заложништво преку една година, повеќето од нив во зградата на американската амбасада. Еве како некои од заложниците се сеќаваат на настанот:

„Милитантите ја запоседнаа амбасадата на САД во Техеран во име на новиот лидер на Иран, ајатолахот Рухола Хомеини. Наредните 444 денови, тоа беше сцена на заложнижтво за 49 Американци“, изјави прес-секретарот на амбасадата, Бери Росен.

Меѓу заложниците бил и Брус Лаинген, вршител на должноста амбасадор во тоа време. Тој вели дека блиските односи на САД со шахот во Иран, кои биле непопуларни, биле основа за тоа што следело.

На прослава во Алжир на 1-ви ноември, иранскиот премиер Мехди Базарган беше фотографиран на средба со американскиот советник за национална безбедност, Збигнев Бжезински, што уште повеќе ја вжешти атмосферата, вели Виктор Томсет, тогашен политички советник во амбасадата.

„До ден денес сум убеден дека токму таа фотографија беше поттик групата студенти да ја нападнат амбасадата“, вели Томсет.

Американските дипломати речиси 15 месеци беа држени во заложништо во амбасадата, во Министерството за надворешни работи и други локации во Техеран.

Во САД, Американците закачуваа жолти ленти за да покажат солидарност, вршејќи притисок врз претседателот Џими Картер да реагира.

Неколку месеци подоцна САД изведоа спасувачка мисија, но операцијата се претвори во катастрофа, при што загинаа осумина војници. Мисијата беше прекината.

Бери Росен вели дека САД направиле неколку грешки, вклучувајќи го и незатварањето на амбасадата по претходниот обид за преземање во февруари 1979 година.

Брус Лаинген вели дека оние кои донесувале одлуки во Вашингтон не обрнувале доволно внимание на деталните извештаи што амбасадата ги праќала за влошувањето на ситуацијата во Иран. Росен вели дека вниманието на Вашинготн било насочено на Студената војна и на Москва.

Во ноември 1980 година претседателот Картер загуби во обидот да биде реизбран. На 20-ти јануари наредната година, Роналд Реган положи заклетва на функцијата претседател на САД. А, тоа е и денот кога Брус Лаинген и другите, 51 Американец, беа ослободени од заложништво.

30-тина години подоцна, САД и Иран и натаму се во затегнати односи.

XS
SM
MD
LG