Линкови за пристапност

Караџиќ се појави пред судот во Хаг


Лидерот на босанските Срби од времето на војната, Радован Караџиќ, се појави пред судот во Хаг за прв пат откако минатата недела трибуналот ја започна постапката против него, и притоа побара повеќе време да ја подготви својата одбрана.

Караџиќ, кој самиот се застапува, во вторникот изјави дека нема да го бојкотира хашкиот трибунал, но рече дека нема да се појави на рочиштата, доколку не му се даде повеќе време да се подготви за постапката.

Откако ги сослуша аргументите, главниот судија на Хашкиот трибунал, О-Гон Квон ја распушти сесијата и го откажа сослушувањето закажано за среда, за да ги разгледа ставовите од обете страни. Тој најави дека подоцна неделава писмено ќе ја соопшти одлуката.

64-годишниот Караџиќ вели дека му се потребни уште најмалку 10 месеци подготовка за одбрана по 11-те обвиненија за геноцид и воени злосторства сторени за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

XS
SM
MD
LG