Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Каменеи изјави дека Техеран нема да биде заведен од, како што го нарече, лажниот помирувачки тон што доаѓа од Вашингтон.
Американскиот претседател Барак Обама поддржува интензивирање на односите со Иран, но неговата влада, заедно со неколку светски сили, истовремено врши притисок врз владата во Техеран да ја острани загриженоста за иранската нуклеарната програма преку контролирано збогатување на иранскиот ураниум во странство.