Линкови за пристапност

Во САД избори во неколку сојузни држави


Денес се одржуваат избори во неколку американски сојузни држави - свовиден референдум за политиката на претседателот Обама една година откако дојде на функција.

Во Вирџинија, според анкетите, предност има републиканскиот кандидат за гувернер Боб Мекдонел пред демократот Кри Дидс. Во Њу Џерси ќе се води тесна трка меѓу демократскиот гувернер Џон Корзин и предизвикувачот, републиканецот Крис Кристи.

Колку за потсетување, Обама однесе победа во овие држави на претседателските избори. Тој деновиве помагаше во кампањата на демократските кандидати, обидувајќи се да избегне резултат што републиканците би го интерпретирале како отфрлање на неговата политика во однос на економијата, здравствената заштита и други прашања.

XS
SM
MD
LG