Линкови за пристапност

Меркел ги поттикнува американските законодавци на акција по климатските промени


Германската канцеларка Ангела Меркел се залага американските законодавци да преземат решителна акција за борба против климатските промени.

Меркел, која го започна вториот мандат минатата недела, ќе се обрати на заедничка сесија на двата дома на американскиот конгрес во вторник во Вашингтон.

Меркел бара поддршка од американските законодавци за новиот глобален климатски договор што е веќе поддржан од европските лидери и од американскиот претседател Барак Обама.

Таа се сретна со претседателот Обама пред обраќањето во Конгресот. Освен за климатските промени, двајцата лидери разговарале за војната во Авганистан, иранската нуклеарна програма и за економски прашања.

Зборувајќи по средбата, претседателот Обама рече дека Меркел е меѓународен лидер по прашањето за климатски промени. Претседателот исто така рече дека ја цени германската поддршка во напорите предводени од САД за воспоставување мир во Авганистан.

XS
SM
MD
LG