Линкови за пристапност

Северна Кореја прави материјал за нуклеарно оружје


Северна Кореја соопшти дека произвела повеќе материјал за употреба во нуклеарно оружје засилувајќи го притисокот врз САД да седнат на преговарачка маса за билатерални разговори.

Извештај во севернокорејската централна новинска агенција од вторникот вели дека државата завршила со процесирање на осум илјади употребени прачки гориво. Исто така вели дека Северот направил значителен напредок во претворање на плутониумот во гориво за нуклеарни бомби.

Стручњаците велат дека репроцесираниот материјал на комунистичката држава може да и` даде доволно плутониум да направи најмалку една атомска бомба.

Во понеделникот, министерството за надворешни работи на Северна Кореја изврши притисок врз САД за директни разговори предупредувајќи дека доколку Вашингтон не е спремен да седне на преговарачка маса, таа ќе оди по свој пат.
Вашингтон има кажано дека има волја за разговори со Северна Кореја, но само доколку тоа води назад кон шестпартитните разговори чија цел е прекин на програмите за нуклеарно оружје на Северот.

XS
SM
MD
LG