Британија и Русија бараат иранските претставници брзо да одговорат на предложениот план ирански ураниум со низок интензитет да се збогатува во Русија.
Британскиот секретар за надворешни работи, Дејвид Милибенд, изјави дека заедно со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, се залагаат за „брз одговор“ од Иран по прашањето за збогатување на ураниум поддржан од ОН. Лавров истакна дека се надева оти Техеран ќе го одобри договорот.
Иранскиот министер за надворешни работи, Манучер Мотаки, соопшти дека неговата земја од Меѓународната агенција за атомска енергија побарала да формира техничка комисија која ќе изврши евалуација по предлогот за испраќање на иранскиот ураниум во Русија. По процесирањето, ураниумот би бил вратен во Иран и би се користел како гориво за реактор за истражување во Техеран.
Неговата изјава пред новинарите во Малезија во саботата уследи по коментарите на виши ирански законодавци кои се против планот за испраќање на ураниумот во странство.