Линкови за пристапност

Нов напад во Пакистан, 35 загинати


Пакистанската полиција соопшти дека во најновиот самоубиствен бомбашки напад загинале најмалку 35 лица, а преку 30 други биле повредени. Инцидентот се случил во близина на седиштето на армијата во Равалпинди.

Во меѓувреме, пакистанската влада понуди награда за апсење или убиство на лидерите на Талебан во оваа земја. Весниците велат дека се нуди награда од пет милиони долари за апсење или информација што може да доведе до апсење на Хакимула Месуд и други десетина лидери на Талебан во Пакистан.

Пакистанската армија е среде голема офанзива против милитантите во племенскиот регион Јужен Вазиристан. Во одмазнички напади на Талебан во Пакистан, минатиот месец се убиени стотици лица.

XS
SM
MD
LG