Авганистанската изборна комисија го прогласи Хамид Карзаи
за победник на спорните избори во
државата откако беше откажан вториот круг на гласање.
Шефот на комисијата Азизула Лудин во понеделник кажа дека
претседателот Карзаи ќе остане на функцијата
бидејќи бил победник на првиот круг гласање во август, и е единствен кандидат
во вториот круг закажан за 7 ноември.
Противкандидатот на Карзаи, Абдула Абдула, се повлече од
трката во неделата заради загриженост од широкораспространета измама, што го
следело августовското гласање.
Членот на изборната комисија кажа дека официјалните
претставници решиле да го откажат
гласањето заради безбедносни причини и заради
штедење пари.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во понеделник
пристигна во Кабул за средби со Карзаи и со Абдула.
Шефот на ОН ја поздрави одлуката за откажување на гласањето и му честиташе на претседателот
Карзаи.
Тој во понеделникот рече дека ОН ќе продолжат да нудат хуманитарна помош и поддршка за развој на Авганистан.
Талебанските милитанти ја презедоа одговорноста за нападот на гостинската куќа, нарекувајќи го тоа прв чекор во планот за пореметување на вториот изборен круг.
Авганистанските изборни претставници претходно кажаа дека уставот на државата бара втор круг на гласање и дека тој ќе се одржи и покрај повлекувањето на Абдула. Правилата во понеделник беа преиначени и гласањето беше откажано.