Линкови за пристапност

Обама се консултира со армиски лидери за Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама се консултира со високи армиски претставници, во време кога ја разгледува можноста за испраќање дополнителни сили во Авганистан.

Обама во Белата куќа се среќава со првите луѓе на американската армија, авијација и морнарица.

Портпаролот на Пентагон Џеф Морел вели дека средбата доаѓа во време кога претседателот е во крајна фаза на донесување одлука за новата стратегија во Авганистан.

Обама ги разгледува воените опции за Авганистан, вклучувајќи го и барањето од главниот американски командант во таа земја, генералот Стенли МекКристал за испраќање дополнителни 40.000 војници.

XS
SM
MD
LG