Линкови за пристапност

Американскиот пратеник  се сретна со Нетанјаху


Специјалниот американски пратеник за Блискиот исток, Џорџ Мичел, е во Ерусалим каде се среќава со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху со кого ќе разговара за рестартирање на блискоисточните мировни преговори.

Нивната средба доаѓа како претходница на посетата на државната секретарка Хилари Клинтон на регионот, нешто подоцна во петок.

По средбата, Нетанјаху рече дека сака рестартирањето на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците да почнат „што е можно поскоро“.

Клинтон патува за Обединетите Арапски Емирати по тридневната посета во Пакистан, а во сабота, Мичел ќе и` се придружи на средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас во Абу Даби. Потоа се очекува таа да има разговори со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Израел.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Пи-Џеј Кроли рече дека посетата на Клинтон ја рефлектира заложбата на американската администрација да работи на постигнување сеопфатен мир на Блискиот исток.

XS
SM
MD
LG