Нови податоци покажуваат дека клучниот двигател на американската економија забавил во септември.
Извештајот од петокот издаден од Одделот за трговија вели
дека потрошувачката наамериканските
консументи опаднала за половина процент во текот на месецот.Падот се совпаѓа со крајот на владината
програмаза стимулирање на продажбата на
автомобили (наречена „Готовина за крнтии“).
Економистите внимателно ја следат потрошувачкатана граѓаните зашто побарувачката сочинува 70 проценти од економската активностна САД.
Потрошувачите делумно ги намалуваат трошоците и заради загубата наработни места или заради грижи поврзани со сигурноста на работното местo, што е дел од причината што владата усвои стимулативен пакет од 787 милијарди долари, за којкажа дека треба дасоздаде или спаси работни места.
Новинските атенции велат декаадминистрацијата на Обама подоцна денеска ќе пријави дека стимулативниот пакет до сега овозможил спасување на околу 650 илјади работни места.