Линкови за пристапност

Доверлив извештај покажува над 30 законодавци под истрага


Доверлив извештај, што случајно се најде на Интернет, ги детализира истрагите на над 30 членови на Комисијата за етика на американскиот Претставнички дом.

Во петочното издание весникот „Вашинтон Пост" вели дека извештајот открива оти и повеќе од половина од членовите на поткомисијата за апропријации за одбраната на Претставничкиот дом на конгресот – тело што ги одредува трошоците на Пентагон – се под истрага.

Документот оригинално бил подготвен како неделен преглед во јули и вклучува лобирање за одбраната и трговија со влијание. Комисијата за етички прашања вели дека извештајот бил ставен на Интернет од член на персоналот на комисијата од понизок ранг, кој оттогаш е отпуштен од работа.

Доцна во четвртокот, претседавачот на комисијата, Зои Лофгрен од Калифорнија, на членовите на Претставничкиот дом им кажала за откривањето на извештајот. Таа рекла дека истрагите се прелиминарни и дека нема да се изведуваат никакви заклучоци за споменатите имиња.

Комисијата за етика соопштува кога започнува истрага, но самата истрага е тајна.

XS
SM
MD
LG