Авганистанскиизборни претставници велат дека планираат да го зголемат бројот на гласачки пунктови за време на вториот круг на гласање за претседателските избори, и покрај стравувањата дека тоа може да води кон повеќе можности за измама.
Авганистанската независна изборна комисија вели дека ќе го зголеми бројот на гласачки центри на 6.322 и ќе има доволно персонал да обезбеди кредибилен процес.
Странските мониторинг тимови предложија намалување на преку 6.000 гласачки центри користени во првиот круг на гласање, откако надлежните открија преку еден милион неважечки гласачки ливчиња.
Повеќето од неважечките ливчиња се верува дека доаѓаат од изолираните гласачки пунктови кои воопшто не биле отворени за гласање или каде немало назначено екипи за мониторинг на гласачкиот процес.
Во меѓувреме, Талебан во Авганистан вети дека ќе ги интензивира нападите воочи изборите закажани за 7-ми ноември. Портпарол на Талебан за француска новинска агенција изјави дека милитантната група има нови планови и тактики за пореметување на изборите.