Линкови за пристапност

Американската економија забележи пораст за првпат по повеќе од една година


Американската економија во периодот јули-август-септември повторно започнала да расте, што е по прпват по повеќе од една година. Според извештајот на владиниот Оддел за трговија објавен во четвртокот, бруто-домашниот производ се зголемил со годишна стапка од 3,5 проценти во третиот квартал – побрзо отколку што предвидуваше најголем дел од економистите. Бруто-домашниот производ е збир на сите добра и услуги произведени во една земја, и претставува најширока мерка за економското здравје.

Дел од економистите сметаат дека мерките за стимулирање на економијата го зајакнале градежништвото во индустријата на домување и широката потрошувачка, што довело до економски импулс.

Извештајот покажува и дека широката потрошувачка за периодот нагло пораснала со годишна стапка од 3,4 проценти. Економистите особено го набљудуваат овој економски аспект, бидејќи на потрошувачката побарувачка отпаѓаат околу две третини од американската економија.

XS
SM
MD
LG