Американскиот советник за национална безбедност Џејмс Џонс е во Москва, на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, посветена на обнова на договорот за намалување на нуклеарното оружје.
Според руските државни медиуми, Лавров му
порачал на Џонс дека е потребен интензивен напор за примена на нов договор пред
да истече важноста на тековниот (СТАРТ) во декември. Џонс треба да се сретне и со рускиот советник
за национална безбедност Николај Патрушев.