Линкови за пристапност

Демократите во Претставничкиот дом предложија закон за здравствена заштита 


Претседателката на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси во четвртокот го претстави предлог-законот за здравствена заштита за кој кажа дека ќе овозможи здравственото осигурување да се прошири на милиони Американци.На прес-конференцијата пред зградата на Конгресот, таа коментираше дека мерката ги одразува најдобрите вредности на земјата и се справува со најголемите предизвици пред нацијата.

Според Пелоси, мерката би обезбедила здравствено осигурување за 96 проценти на Американците и на милиони неосигурани и недоволно осигурани Американци би им понудила здравствена заштита што може да ја платат.

Мерката е спој на претходни две што ги усвоија три клучни комисии на Претставничкиот дом. Таа предвидува систем на здравствено осигурување во кои малите бизниси и поединците би можеле да бираат меѓу различни осигурувачи за најдобар и најекономичен план за здравствена заштита.Можен избор е и контроверзното владино осигурување што би претставувало конкуренција на приватните.

Републиканците се енергично против владиното осигурување и коментираат дека тоа практично претставува владино преземање на системот на здравствена заштита.

XS
SM
MD
LG