Линкови за пристапност

Апсења во Ирак по неодамнешните смртоносни напади


Ирачката армија вели дека уапсила преку 60 припадници на безбедносните сили во врска со неодамнешните серија бомбашки напади во Багдад во кои загинаа околу 155 лица.

Армиски портпарол истакна дека меѓу уапсените се 11 армиски офицери. Тој не појасни дали армијата се сомнева дека офицерите се уапсени заради вмешаност во нападите или заради немарност при обезбедувањето на ирачкиот главен град.

Целта на нападите со автомобили бомби во неделата биле ирачкото Министерство за правда и општинската владина зграда. Група поврзана со Ал Каида презеде одговорност за нападите.

Во средата, Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун соопшти дека во Ирак ќе го испрати вишиот претставник на ОН, Оскар Фернандез-Таранко, на прелиминарни разговори поврзани со ирачката безбедност и суверенитет. Бан Ки-мун додаде дека тоа е одговор на барањето на ирачката влада.

XS
SM
MD
LG